„Не личиш на себе“ – Линдзи Лохан непрепознатлива на снимањето на новиот филм

ИЗВОРНов Лист
|

Линдзи Лохан (35) се прослави со улогите во филмовите на Дизни „Родителска стапица“, „Луд петок“, но и во филмот „Опасни девојки“, а сега се враќа на малите екрани во божиќниот филм „The Shadow Within“.

Нетфликс објави фотографија од Линдзи и Хорд Оверстрит (32), најавувајќи филм во кој тие глумат.

-Прошетка низ зимската земја на чудата со Линдзи Лохан и Хорд Оверстрит… Продукцијата е во тек за нивната празнична романтична комедија. Пристигнува на Нетфликс во 2022 година – истакнува платформата за стриминг. Самата Линдзи се пофали со улогата во филмот на Нетфликс.

Илјадници нејзини обожаватели се пресреќни што се врати, но не можеа а да не забележат колку таа е променета. И пишуваат дека воопшто не личи на себе.

– Изгледа толку поинаку, како да има премногу фотошоп на фотографијата иако веќе има прекрасно лице, „Не ја препознав додека не го видов името“, се само дел од коментарите.