Откриена луксузната вила на Тања Савиќ и градоначалникот – Изгледа како вистински замок

ИЗВОРНов Лист
|

Според медиумите, пејачката Тања Савиќ и градоначалникот на Бања Лука Драшко Станивуковиќ се сретнале во луксузна вила кај Смедерево, а судејќи по фотографиите, ова место изгледа како вистински замок.

Вилата се наоѓа на брегот на Дунав, патеката е украсена со бујна градина и зеленило, додека посебно внимание пред влезот привлекува големата фонтана.

Самата внатрешност на вилата е многу луксузно уредена, па во неа доминира мермерот и синиот плиш, а заљубениот пар често доаѓа овде да поминат некое време надвор од градската врева и во близина на реката.

Имено, градоначалникот на Бања Лука поминал неколку дена на службен пат во Париз, па штом се вратил побрзал да ја прегрне пејачката.

Според изворот Тања и политичарот се сретнале на овој луксузен имот со огромна вила, во тој објект најмногу се одржуваат големи прослави и свадби, а има и ресторан за интернационална кујна, каде поминале околу два часа на романтична вечера и разговор.