Прекрасен ден за лавовите, непријатности ги очекуваат девиците – Дневен Хороскоп (22.11.2021)

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Поради брзината или површноста можно е да направите грешки. Односите со колегите се доста проблематични. Недостасува трпеливост. Финасиската ситуација не е за пофалба. Настаните во вашиот дом ќе ја исцрпат вашата енергија. Ќе имате несоница, а стресот ќе предизвика ослабување на имунитетот.

Бик (21.04 – 21.05)

Во љубовта работите не се одвиваат онака како што посакувате тоа можеби и помалку ќе ве загрижува, па ќе се обидете да превземете нешто околу тоа, но без некој поголем успех. Денеска многу тешко ќе се сноѓате и во обврските на работното место.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Работниот успех, задоволството, одличните резултати и вредната работа се карактеристични за денешниот ден. На негативните реакции од околината намате време да им обрнете внимание бидејќи сте презафатени со најразлични обврски, не само работни туку и приватни.

Рак (22.06 – 22.07)

Пристрасно гледате на работите кои го окупираат вашето внимание. Пожелно би било да се посоветувате со некој за да најдете начин за подобро да функционирате. Ќе бидете загрижени поради застој во работата. Не се грижете бидејќи се работи за нормална појава во она што го работите. Некои од вас ќе имаат успеси во нешто многу важно.

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе бидете склони кон помалку промислени потези особено ако станува збор за финансиите. Најдобро би било одлуките да не ги донесувате сами, подобро е да се посоветувате со некој ваш близок пријател. Денот е прекрасен за забава, занимавање со уметност и уживање во романтика.

Девица (23.08 – 22.09)

Ве очекуваат некои непријатности. Со оглед на тоа дека овие непријатности нема подолго да потрајат ве советуваме да бидете потрпеливи и да ги одложите важните потези како на деловен план така и во приватниот живот. Едноставно причекајте подобри аспекти за да можете да го реализирате тоа што го планирате. Емоционално сте во криза.

Вага (23.09 – 22.10)

Под услов дека сте добиле нов извор на приходи, тешко ќе најдете време за разонода и уживање, но само сознанието дека некој го цени вашиот труд и со тоа добро плаќа, многу ќе ви одговара. Сатисфакција има и на емотивен план.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе имата доста контакти со вашите деловни партнери или барем со некој надвор од вашата фирма. Во љубовта навистина ве служи среќата. Денешниот ден посветете му го на партнерот.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Денешниот ден за вас ќе биде релативно добар. Ќе имате добри односи со околината и ќе бидете ефикасни во она што го работите. Вашата позиција е малку нестабилна и ве предупредува на ограничувањата, кои треба да ги прифатите без многу отпор.

Јарец (22.12 – 20.01)

Ви се насмевнува среќата. Опуштете се и обидете се да уживате во неа. Многу ќе ви помогнат разговорите со вашиот партнер или пак ако го немате со некој ваш близок пријател. Слободните нека бидат понастрана од несигурни додворувачи.

Водолија (21.01 – 19.02)

Избегнувајте да влегувате во дуел со луѓе кои размислуваат поинаку од вас, и одбегнувајте стресни ситуации. Околу себе соберете го најтесниот круг на соработници и пријатели, кои ја разбираат вашата сегашна состојба. Сеуште не е време за преземање на покрупни чекори.

Риби (20.02 – 20.03)

Разговарајте со некој во доверба, но не ги обелоденувајте вашите планови. Можете да се позанимавате со вашите финансии, средете ги сметките, направете порационални планови, не позајмувајте и не ги трошете парите по глупости.