Давид Давидовски, кој за себе вика дека е најконтроверзен лик и дека е модна икона, сака да има „добар лајф стајл”, можеби е замената за Боки 13. Тој е уникатен по својот стил, лакирањето нокти, и потенцира дека за скоро ќе дојдат „неговите” 5 минути во интервјуто за естрадниот магазин „Бекстејџ”.
Сличноста може да ја најдеме кај Боки 13-ка во неговите почетоци, контроверзен изглед, коментирање на јавни личности.
Сите веројатно се сеќавате кога Боки 13 се облекуваше како жена и носеше високи потпетици, перики и светкава и екстравагантна облека, Давид изгледа сака да го оди неговиот пат, па често знае да објави сосема поразлични фотографии од неговите врсници. Што имаше да каже за нашните јавни личности, погледнете во видеото во продолжение: