Овен (21.03 – 20.04)
Имате чувство дека ви е многу тешко да се истакнете. Не се грижете, ќе дојдат и вашите 5 минути. Не ви се допаѓа ставот на саканото лице кон вас. Можна е сериозна расправа.
Бик (21.04 – 21.05)
Доколку сте имале било какви недоразбирања со деловниот партнер денес или ќе ги решите или ќе ја прекинете соработката. Препорака е добро да размислите пред да го повлечете следниот потег на љубовен план.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Престанете да се потпирате на среќата, не секогаш ќе биде на ваша страна, кога станува збор за работата.
Рак (22.06 – 22.07)
Можно е да зажалите бидејќи сте откажале некоја деловна соработка. Не се грижете, периодот ќе биде премногу погоден, барем кога станува збор за работата.
Лав (23.07 – 22.08)
Ве очекуваат лоши вести поврзани со некои невижнини или земјиште. Во љубовта не се чувствувате сигурно и сакано покрај вашиот партнер.
Девица (23.08 – 22.09)
Со наглите промени на финансискиот план ќе се чувствувате несигурно и незадоволно. Сметате дека саканото лице треба да ве поддржува во се.
Вага (23.09 – 22.10)
Неповолен ден за донесување на одлуки. Одложете ги состаноците за крајот на неделата. Делувате многу нервозно и несигурно, саканото лице на тој начин доаѓа до заклучок дека нешто не е во ред.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Не реагирајте во афект, немојте да донесувате никакви избрзани одлуки. Дајте си на себе си повеќе време. Во љубовта можно е да имате прилика да влезете во фаза на одалечување.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Ве очекува мала расправија или проблем во комуникацијата со надредените. Тензијата меѓу вас и саканото лице е се посвежа. Обидете се да го решите тоа пред проблемот да кулминира.
Јарец (22.12 – 20.01)
Некој од надредените или деловните соработници врши огромен притисок на вас. Време е да ги „покажете забите“. Доколку ви се допаѓа одредено лице во знакот на Вага, денес е идеален ден да го покажете тоа.
Водолија (21.01 – 19.02)
Денот не е добар за средување на хартии со важни податоци. Одложете го тоа за наредната недела. Во љубовта овој период е можеби најдобриот малку да се дистанцирате од саканото лице и да размислите за се.
Риби (20.02 – 20.03)
Можни се големи промени на финансискиот план. Не дозволувајте некој да ве потиснува. Љубоморни сте и тоа сосема отворено го покажувате.