ФОTО | Ќерката на Здравко Чолиќ покажа дел од луксузниот дом – Голем двор, базен и детал кој никој не го знаел

ИЗВОРНов Лист
|

Ќерката на легендарниот пејач Здравко Чолиќ обожава да се слика, а со своите фотографии откри дел од луксузниот дом во кој живее.
Популарниот Чолиќ живее во мирниот дел на Кошутњак со сопругата Александар и ќерките Уна и помалата ќерка Лара. Вилата е опкружена со зеленило, пред кое има голем двор, две порти и високи безбедносни мерки, кои тој никогаш не ги нагласил во јавноста.

Она што досега не сме имале можност да го видиме е внатрешноста на куќата во која живее легендарниот пејач. Сепак, на фотографиите кои ги објави младата Уна може да се погоди како изгледа нивниот дом.

Луксуз и двор полн со зеленило. Убавата тераса е нешто што го карактеризира домот на Чолиќ, а секако еден од најубавите делови на куќата е дворот во кој се наоѓа базенот.

Во летниот период во дворот има трамболина за која досега никој не знаеше дека постои. Уна веројатно ја користела кога била помлада.