Една од најубавите девојки на српската сцена неодамна се најде на мета на озборувања, а сега реши да одговори на шпекулациите.
Пејачката Ксенија Кнежевиќ, една од членовите на бендот Ураган, во септември годинава уживаше со младиот актер Павле Менсур.
Како што тврдеа медиумите, Ксенија ја раскина долгогодишната врска со своето момче Никола, а Павле со актерката Ивана Зечевиќ и влегоа во врска, која ниту еден од нив не ја коментираше.
Сега, Ксенија на изјавата на новинарите дека Павле Менсур и таа би биле убав пар, одговори:
– Тој е еден од подобрите млади актери. Она што го знам е дека тој е навистина добар актер.
На прашањето дали Менсур и неа ги поврзува само пријателство, Ксенија потсети дека е во среќна и долга врска.
– Ништо не се смени во мојот љубовен живот. Шест години сум со „стариот дечко“. Почнуваме да живееме заедно. Ни посакувам сета среќа – низ смеа додала пејачката за Блиц.
Како што еднаш истакна Ксенија, нејзиниот однос со Никола произлезе од пријателство и мисли дека тој е човек на кој таа еден ден ќе му каже „да“.
– Дечкото со кој излегувам го познавам цел живот. Прво се дружевме, а потоа меѓу нас се роди љубов. Заедно сме пет години и мислам дека тој ќе биде оној со кој ќе се омажам. Не планирам брак или деца во блиска иднина, бидејќи сме млади. Двајцата сме фокусирани на кариерата, но кога ќе дојде време за тоа, ќе се омажам, нема да бегам од тоа – објасни таа.