Хороскопски знаци кои не знаат да чуваат тајнa

ИЗВОРНов Лист
|

На некои луѓе не можете да им се доверите бидејќи тие едноставно не умеат да чуваат тајна, едноставно мораат да ја кажат некому.

Астролозите велат дека во овие три хороскопски знаци не треба да имате толку доверба бидејќи чувањето тајни им е слаба точка.

Близнаци

За Близнаците се вели дека се најголемите озборувачи во зодијакот. Познати се по тоа што не можат да молчат па затоа не треба да зборувате за вашите интимни работи пред нив. Со нив владее планетата Меркур па оттука произлегува нивната потреба за комуникација.

Девица

Девиците до детали знаат што се случува во животот на нивните најблиски луѓе па можат случајно и ненамерно да ве издадат. Девиците се посесивни и сметаат дека треба да знаат сè. Доколку не им раскажете што ве мачи, тие ќе ви се налутат.

Стрелец

Исто како и Близнаците, Стрелците многу сакаат да зборуваат и често се познати како најголеми дрдорковци во друштво. Стрелците се познати по тоа што сакаат да ги преувеличуваат работите и да направат своја приказна. Знаат да направат драма без да има некаква причина за тоа.