Кајл Џејмс споделува интересни трикови на своите профили на ТикТок и Инстаграм, а сега покажа како можете да ја подобрите грејната моќ со помош на алуминиумска фолија.
Поради поминување повеќе време дома и моменталното заладување, многумина од нас имаат греење скоро цел ден, а со најавеното поскапување на цената на електричната енергија сметките сигурно ќе бидат поголеми, сепак постои начин да ја подобрите топлината на вашиот дом без да потрошите повеќе пари.
На кратко видео, тој покажа како поставувањето фолија на задниот дел од радијаторот помага да се врати топлината во просторијата и подобро е да се загрева без да се зголеми јачината на радијаторот.
Во своето видео, тој користеше рефлектирачка фолија, но вели дека обичната алуминиумска фолија го прави истото.
Неговото видео го погледнаа повеќе од 60 000 луѓе, а многумина беа воодушевени од едноставниот трик.
– Пробав и направи навистина голема разлика – коментираше еден корисник, додека друг откри: Браво! Никогаш не сум чул за ова.