5 хороскопски знаци кои најмногу ќе ја почувствуваат магијата на новогодишните празници

|

Почетокот на декември носи вистинска магија пред новата година. Еве кои хороскопски знаци можат да очекуваат најголема среќа во љубовта во овој период.

БИК

Празничната сезона ќе ги зголеми желбите и привлечноста на Биковите. Под влијанието на Уран и Сатурн, вашата сензуалност и заводливост ќе биде во прв план. Ако сте во врска, пробајте нешто ново во спалната соба. Доколку сте слободни, подгответе се за нова романтична авантура. Иако мразите промени, тие можат да бидат забавни.

РАК

Оваа празнична сезона љубовта ќе ве следи насекаде. Ова ќе биде период во кој многу работи ќе станат возможни: старите врски можат да станат нови, она што ве повредило ќе биде заборавено, а нова љубов многу лесно може да влезе во вашиот живот.

СКОРПИЈА

Во овој период, Марс, планетата на страста, ќе биде во вашиот знак до 14 декември. Ова ќе ви даде самодоверба за да ги остварите вашите најголеми желби. Ако запознаете некој што ви се допаѓа, направете го првиот чекор. За оние во врска, ѕвездите порачуваат да ја продлабочите интимноста.

СТРЕЛЕЦ

Во празничната сезона, Нептун и Марс ќе ви донесат среќа во љубовта. Марс ќе го подгрее копнежот за романса и страст. Ако сте во врска, направете романтична атмосфера и потсетете се на причините поради кои сте заљубени во вашиот партнер. Ако сте слободни, внесете промени во вашиот изглед, ве очекува интересна средба.

ЈАРЕЦ

Од сите хороскопски знаци, Јарците ќе бидат најсреќни во празничните денови, затоа што Венера, планетата на љубовта и убавината ќе минува низ вашиот знак сè до март. Ова е добар момент да ги искористите вашите заводливи моќи за да привлечете нови луѓе. Очекувајте длабоко страствена врска, особено ако запознаете некој во периодот меѓу 9 и 31 декември. Може да стекнете впечаток дека се знаете од некој претходен живот.