Од секогаш сме слушале дека кога температурите се ниски, не треба веднаш да го стартуваме моторот на автомобилот, затоа што на тој начин можеме да го оштетиме, но сте се запрашале ли колку време му е потребно на моторот да се загрее во зимски услови?
Со децении наназад возачите го држат автомобилот во лер десетина минути пред да тргнат, со цел да го разработат моторот, но тоа сега е лоша навика.
Ова правило за загревање на ниски температури се применува кај постарите генерации, додека модерната технологија носи промени.
Експертите велат дека нема потреба од загревање на возилото повеќе од една минута, бидејќи не само што трошиме повеќе гориво, туку има и поголемо трошење на подвижните делови.
Уште поважен е советот да не се претера со гасот, односно да не се накачува брзината во првите 10-15 минути од возењето.
За маслото да достигне работна температура и подеднакво да ги подмачкува сите делови, држете го моторот да работи со мала брзина, возејќи бавно и без остри забрзувања.
Индикаторите за температурата на маслото или течноста за ладење не се достапни во многу возила на четири тркала. Доколку ги имате, потпрете се на нив и бидете нежни со гасот додека не го достигнат оптималното ниво.