Веднаш исфрлете ги овие работи од спалната соба – Носат несреќа

|

Нередот го има во секоја куќа, но тоа не значи дека во неа живеат мрзливи луѓе, туку тоа е негативната страна на животот во модерно време каде постојано трчаме некаде и немаме време за ништо.

За жал, во некои куќи нередот е постојан но, доколку навреме се утврди причината за оваа состојба, тогаш постои можност сите нерамнини да се „испеглаат“ и домот повторно да се светне. Сепак, ниту редот во домот или постојаното средување нема да можат да ви пружат среќа доколку овие предмети ги чувате во спалната соба и на тој начин ја привлекувате нес*еќата како магнет!

Специјалисти за биоенергија во фенг шуи тврдат дека нередот во домот значи и неред во главата, а нередот во овој дел од куќата најмногу влијае на нас.

Спална соба

Ова е најинтимното, лично место во домот каде што се „обликува“ вашата лична среќа, затоа треба да обрнете многу внимание на неа. Нередот во спалната може да доведе до несоница, кавги со саканата личност или семејството и проблеми во интимната сфера.

Експертите советуваат од спалната соба да се отстрани се што не е директно поврзано со спиењето и интимните односи, како што се телевизорот, компјутер музички плеер и слично.

Спалната соба треба да зрачи мир и спокојство, па затоа треба да се грижите што внесувате во неа. Исто така, експертите сметаат дека не е пожелно да се чуваат некои стари и дотраени работи во оваа просторија. Затоа треба да ги исфрлите од дома оние работи кои со години ги трупате и ве гушат.

Чувајте ги спомените во вашата глава, а не во рафтовите на полиците.