Ќерката на Моника Белучи ваква не сме ја виделе досега – Еве што прави Дева кога не знае дека папараците ја снимаат

ИЗВОРНов Лист
|

Моника Белучи и Винсент Касел кои за време на бракот добија две ќерки, постарата Дева која чекори по патиштата на успехот во светот на манекенството и помладата Леона која сега има 13 години.

Ќерката на Моника Белучи и Винсент Касел порасна во вистинска убавица. Иако нејзините славни родители со години се обидуваа да ја сокријат од јавноста, Дева сепак одлучи дека ќе се занимава со јавна работа.

Дева, која сега е заштитно лице на светски бренд, како нејзина мајка своевремено ги красеше насловните страници на францускиот магазин „Elle“, а на насловната страница на италијанскиот „Вог“ се фотографираше заедно со нејзината мајка, Моника.

Наследничката на познатите актери неодамна беше фотографирана од папараците како позира на тераса додека нејзината пријателка ја фотографира.

Оваа црномуреста тинејџерка дефинитивно не е копија на Моника, иако наликува на неа од помладите денови, но ја има мајчината милост и ја краси автентична убавина и харизма.