Пановски: Очекувано беше Владата да се предомисли за мерките, избрзани беа и отворија многу неодговорени прашања

|

Владата на вчерашната последна седница не ги прифати предложените мерки од Комисијата за заразни болести и им побара дополнителни анализи и компаративни студии за предложените мерки, но и предлози за дополнителни мерки за поттик за масовна им*низација. Минкробиологот Никола Пановски во интервју за Телма истакна дека очекувано беше Владата да се предомисли за мерките, кои ги предложи Комисијата, а тоа се должи на избрзаност, недоволна анализа и многу прашања, кои Комисијата не ги одговори на јавноста.

– Досега требаше да се направи скрининг за антитела кај неим*низираните, а особено кај младите луѓе. Властите треба да креираат долгорочни мерки , бидејќи во моментов недоставува силна кампања за им*низација на населението. Токму ова го користат и антив *ксерите, кои постоајно ги пренатрупуваат луѓето и социјалните мрежи со дезинформации или полувистини, а здравствениот кадар во земјава, кој апелира и ја поддржува им*низацијата честопати јавно го линчуваат и навредуваат, вели тој.

Пановски предлага зајакнување на мерките, засилена кампањата, но и контролите за задолжително носење на маски и држење на растојаните.