Од утре воведување нови мерки: Холандија ги затвора кафулињата по 20 часот, и повеќето продавници по 17 часот

ИЗВОРТелма
|

Холанската влада донесе одлука од утре да воведе дополнителни ограничувања, вклучувајќи и ноќно затворање на кафулињата, рестораните и повеќето продавници.

Руте на вчерашната прес конференција кажа дека продавниците што не се клучни за населението ќе бидат затворени од 17 часот до 5 часот наутро и дека маските за лице ќе бидат задолжителни во средните училишта.

Владата ги охрабрува сите кои можат да работат од дома, а доколку не можат, мора да се придржуваат до правилата за социјално дистанцирање.

Дел од експертите тврдат дека ќе биде потребно кратко, но речиси целосно затворање, во кое ќе бидат опфатени училиштата.