Поп ѕвездата Јелена Карлеуша се пофали со новите чизми кои се вистински предизвик, но и моден хит оваа сезона.
Имено, ЈК на својот Инстаграм профил објави видео на кое од кутијата вади нов пар D&G штикли.
Сосема различни, проѕирни, со сребрени детали и цирконски натпис на брендот, се чизмите кои Јелена им ги покажа на своите фанови.
Карлеуша е позната по тоа што е една од ретките јавни личности која знае да прикаже вакви впечатливи модни парчиња.
И овој пат пејачката избра бренд за кој е потребно да се издвои голема сума на пари, а цената на овие чизми е околу 60.000 денари.