Археолозите откопаа мумија за која се проценува дека е стара најмалку 800 години

ИЗВОРНов Лист
|

Тим експерти пронашол мумија стара најмалку 800 години на централниот брег на Перу, изјави еден од археолозите кои учествувале во ископувањето.

Мумифицираните остатоци биле на личност од културата што се развила помеѓу брегот и планините на јужноамериканската земја. Мумијата, чиј пол не е идентификуван, е откриена во регионот на Лима, изјави во петокот археологот Питер Ван Дален Луна.

„Главната карактеристика на мумијата е тоа што целото тело беше врзано со јажиња и со рацете што го покриваа лицето, што би било дел од локалниот модел“, рече Ван Дален Луна, од државниот универзитет во Сан Маркос.

Остатоците се на лице кое живеело во регионот на високите Анди во земјата, рече тој. „Датирањето со радиојаглерод ќе даде попрецизна хронологија“.

Мумијата е пронајдена во подземна градба пронајдена на периферијата на градот Лима, каде имало и приноси, вклучувајќи керамика, остатоци од зеленчук и камени алатки, рече тој.