Послрдните мерк икои беа предложени од Комисијата за заразни болести не поминаа на последната владина седница, односно не беа усвоени, поради тоа како што вели Филипче ќе бидат предложени нови.
Истражувавме и изминативе два-три дена и ќе предложиме една нова мерка до Владата, а тоа е посебна стимулација за матичните лекари. Односно, матичните лекари да бидат финансиски стимулирани кога ќе надминат 70 проценти на им*низавија од вкупниот број на прикрепени пациенти да бидат наградени со 30 денари по пациент од вкупниот број пациенти кои се запишани кај нив. Има уште некои аспекти кои тука треба да се разгледаат, но мислам дека тоа е предлогот со кој ќе настапиме во вторник пред Влада, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Посочи дека за претходните мерки дискутирале на седницата на Владата.
– Свесен сум дека овие се едни од најтешките мерки поради што допираат во една сфера во која досега не сме имале мерки, а тоа се работните односи, работното место, меѓутоа заклучивме дека треба дополнително да истражиме и да видиме дали ќе има некои слични мерки кои нема да бидат толку сериозни, да загрозуваат нечие работно место, а од друга страна ќе бидат стимулација за им*низација и во таа смисла работевме интензивно, рече Филипче одговарајќи на новинарски прашања по изјавата пред Ургентниот клинички центар.