Програмата на новата коалициска влада во Германија предвидува промена на Законот за државјанства, со што двојното државјанство ќе биде дозволено за државјани кои не се членки на ЕУ – објави iamexpat.de. Тука спаѓаат и Македонците.
Со оваа измена на граѓаните кои доаѓаат од земји што не се членки на Европската Унија за прв пат ќе имаат можност да се одлучат за двојно државјанство, односно да го задржат своето и да станат државјани на Германија исто така.
Ова е одлична вест за голем број македонски гастарбајтери, кои со години работат во Германија и во моментите кога стекнуваа услови за германско државјанство мораа да се откажат од македонското. Тоа сега ќе се промени.
Покрај Македонците, измената на Законот ќе биде од корист и за припадниците на турската заедница, која брои неколку милиони во Германија.