Идеја за денешниот ручек: Запечен карфиол со павлака и кашкавал кој се топи во уста

|

Доколку сеуште не знаете што вкусно да направите за денешниот ручек, ние ви предлагаме сочно и вкусно јадење кое цело семејство веднаш ќе го засака, а се прави лесно и едноставно.

Состојки: 1 карфиол; 100 милилитри млеко; пилешка коцка за супа; 250 милилитри павлака за готвење; 200 грама кашкавал; 2 лажици презла; прстофат сол; прстофат бибер; 1 лажица црвен пипер и 50 грама путер.

Подготовка: Ставете го млекото да зоврие со половина литар вода и коцката за супа. Од карфиолот одвојте ги крупните делови, па ставете ги во течноста и варете 5 минути.

Садот за печење намачкајте го со путер, ставете ги парчињата карфиол, па додадете над нив рендан кашкавал и презла.

Прелијте со павлака, посолете, ставете бибер и црвената пиперка.

Печете 15 минути во рерна загреана на 180 степени Целзиусови.

Пријатно јадење!