Направете брза сарма – Еве како да закиселите зелка за 12 часа

|

Доколку сакате да направите сарма постои поедноставен начин со кој обичната свежа зелка ќе ја закиселите за само 12 часа. Ова е се што ви е потребно – 1 поголема главица зелка, 3,5 дл. вински оцет, 3 дл. вода, 4 лажички сол, 1 парче леб.

Подготовка: Исечете го коренот на зелката, а главицата ставете ја во длабок сад. Истурете 2 лажици сол во шуплината каде што бил коренот и ставете две лажици сол. Прелијте со жешка вода во која ќе го додадете остатокот од солта. Додадете го оцетот, покријте со чинија и оставете да отстои 8 часа. Извадете ја зелката, од неа извадете ги трагите од изронетиот леб и префрлете ја во длабок сад. Исцедете ја течноста, а потоа истурете ја зелката и гответе 10 минути на средна температура, додека течноста не зоврие.

Тргнете од оган и оставете да се излади. Извадете ја од тенџерето. Листовите лесно ќе се одвојат и зелката е спремна за сарма.