Таткото на Новак Ѓоковиќ: Новак нема да дозволи Австралија да го уценува

|

Учеството на Новак Ѓоковиќ на Австралија Опен го искоментира и неговиот татко Срѓан. Како што кажа тој неговиот син најверојатно нема да оди на седетта титула поради задолжителната имуни*ација, како и дека организаторите на турниот одлучиле да ги уценуваат најдобрите тенисери, меѓу кои е и неговиот син.

Директорот на Австралија опен, Крег Тили во саботата уште еднаш потврди дека право на настап на првиот гренд слем во 2022 ќе имаат само тие кои примиле доза.

„Околу имунизирањето, право на секој човек е да одлучи. Никој нема право да навлегува во тие интимни прашања и тоа е со устав загарантирано право. Дали Новак ќе каже дали е имунизиран, не знам, искрено ни јас не знам, бидејќи тоа е негово право. Тие на власт во покраините на Австралија си земаа за право да го прозиваат деветкратниот шампион. Тој би сакал да биде во Мелбурн, но под вакви уцени и услови, најверојатно нема да оди. Јас не би одел“, вели Срѓан Ѓоковиќ во интервју за српската „ТВ Прва“.

Инаку Срѓан додава дека Новак Може да оди во карантин, но 14 дена да биде затворен во хотелска соба. Прашањето кое тој го поставува е како потоа да игра на турнирот?“, додава постариот Ѓоковиќ.