Потребни се само две состојки: Исчистете ги sидовите со овој трик

|

Дамките на sидовите се голем проблем во секое домаќинство, особено ако имате мали деца.

Колку и да се трудиме да ги исчистиме дамките што се предизвикани од храна или фломастери, тоа станува неуспешно, па често луѓето одлучуваат дека е полесно да се бојадисаат тие ѕидови.

Сепак, една жена на TikTok, покажа трик што ќе ве воодушеви. Потребни се само две состојки, а ѕидот ќе биде повторно чист.

Подготовка

Измешајте вода, сода бикарбона и голема количина средство за дезинфекција во сад. Потоа потопете го ролерот за бојадисување во подготвената смеса и започнете да тркалате по sидовите.

Трикот предизвика задоволство кај родителите.

Многумина не знаеа за овој трик, па коментарите беа неверојатни. Жените беа воодушевени, а многу веќе го пробаа и тврдат дека навистина има ефект.