Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за то*сикологија, преку фејсбук статус, се обрати кон своите колеги од Комисијата за заразни болести, кои најавија дека за да ја поттикнат им*низацијата матичните лекари кои имаат им*низирано над 70 проценти од своите пациенти, ќе ги наградат финансиски.
-Ако навистина сакате да стимулирате им*низацијата, место понижувачката парична стимулација за матичните лекари, УКИНЕТЕ ЈА ПАРТИЦИПАЦИЈАТА ЗА СИТЕ МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ во 2022 година на СИТЕ ИМ*НИЗИРни (слично како што е за крводарителите), предлага тој.
Тој ги предлага следниве мерки:
-Ако сакате да се намали антивак* ерското расположение издвојте ги вистински прележаните од групата на невим*низирани, барем 120 дена по прележувањето.
-Воведете го позитивниот резултат од тестот (не постар од месец дена) на антитела, како валиден доказ за влез во сите места каде се сертификат, по 120. дена од прележувањето.
-Предложете висока парична казна или затворска казна за секој кој ќе биде фатен со фалсификуван сертификат.
-Вратете го задолжителното мерење на телесна температура при влегување на работа и во сите јавни затворени објекти, вели д-р Беќаровски кој секогаш е директен со своите ставови за спречување на панде*ијата во земјава.