По долго најавување од среда, 1 декември, започнува забраната за употреба на пластични кеси во трговијата и на пластични амбалажи во угостителските објекти во подрачјата заштитени со закон.
Со цел заштита на животната средина, ќе се дозволи само продажбата на биоразградливи кеси кои ќе бидат лесни и не и штетат на природата затоа што самите по одреден период се разградуваат и од нив не останува ништо, но ќе чинат 15 денари. Најголемиот дел од тие пари, ќе одат во Фондот за заштита на животната средина.
„Идејата е да се намали употребата на пластика. Оние средства што ќе се создаваат од тие 15 денари при секое купување на кесе ќе одат во фонд со кој ќе се инвестира во животната средина, исто така ќе се инвестираат во свесноста на нашите граѓани, како да го третираме отпадот во нашата држава. Идеологијата е дека загадувачот ќе плати“,извести пред извесно време министерот за животна средина Насер Нуредини.