Како што се најавуваше периодов дека студен бран доаѓа накај Балканот, така и се оствари. Вчера и утрово големи количини снег паднаа во повеќе делови од Словенија кои го отежнаа сообраќајот, а полни раце работа имале зимските служби и пожарникарите затоа што има голем број на паднати дрва поради натежнатиот снег.
Најтешко е во општините Солчева, Велење, Војник, Крањ, Подвела, Равне на Корошкем, Жалац и Марибор, пренесува порталот 24UR.
Паднатите дрва ги блокираат патиштата па поради тоа има доста работа и како што се наведува покрај професионалните противпожарни бригади, ангажирани биле и 11 доброволни.
Во регионот Савињска паднаа 40 см снег, додека на планините измерени се и повеќе од половина метар.
Во моментот, патиштата се проодни, но се советува внимателност на патот.