Кога доаѓа првиот снег во Скопје?

|

Како што навестуваат метеоролозите наредната недела ќе се создадат првите услови за снежни врнежи во главниот град.

Според последните радарски снимки, услови за послаби снежни врнежи ќе има кон средината на идната недела околу 8 декември, но имајќи предвид дека во периодот пред тоа ќе врне дожд, речиси и да нема шанси да се формира било каква снежна покривка.

Инаку со почетокот на оваа недела доаѓа студен бран над земјава кој ќе услови значително намалување на температурите. Ќе има утрински температури од 5 степени под нулата и дневни кои ретко ќе поминуваат 5 степени.

Поинтензивни снежни врнежи во Скопје се очекуваат кон крајот на месецот но имајќи предвид дека тоа е премногу далеку од сега, долгорочните прогнози не даваат многу прецизни податоци.

Инаку на планините во Македонија веќе има снежни врнежи.