Подготвени ли сме за новиот закон – Колку фабрики за кеси ќе стават клуч на врата од утре?

|

Веќе од утре секој кој што сака кеса во маркет ќе мора да плати 15 денари за истата, но со новиот закон се поставува прашањето што е со оние фабрики за кеси во кои работат илјадници луѓе, дали тие се подготвени за вакво нешто и колку од овие производители на кеси ќе мора да стават клуч на врата.

На ниту едно од овие прашања деновиве не слушнавме одговор од надлежните. Тоа може да значи дека воопшто никој не се се позанимавал со консултации со производителите на кеси. Веројатно никој во Македонија не се сложува со загадување на околината со пластичните кеси, и секако треба да излезат од употреба, но како ќе се надомести ударот на производителите? Одговор нема.

– За жал производителите воопшто не се подготвени за производство на биоразградливи кеси бидејќи законот излезе во сужбен весник на 16/9/2021 а треба да почне примена од 01/12/2021 година, без известување, консултација и работни групи од страна на прозиводителите на пластични кеси, велат за дел од медиумите од Групација на производители и преработувачи на пластични маси при Сојуз на стопански комори на Македонија, пишува Скопско ехо.

Инаку, целта на Законот кој почнува од утре е да ги одврати корисниците од употреба на кеси за еднократна корист и да ја стимулира нивната повеќекратна намена заснована врз принципот „загадувачот плаќа“.