Доаѓаат 3 неработни дена во последниот месец од годината

|

До крајот на годината ни останува уште еден месец, а со тоа ни остануваат само уште неколку неработни дена.

Последниот неработен ден за 2021 година, кој ќе важи за сите граѓани ќе биде 8 декември (среда), кога се празнува “Св. Климент Охридски“.

Инаку во месец декември ќе одмараат и граѓаните припадници на турската заедница во РМ – 21 декември (вторник), Ден на настава на турски јазик.

Ќе одмараат и Kатолиците во земјава и тоа на 25 декември, прв ден Божиќ кој се паѓа во сабота.