Уште 43 Авганистанци ја напуштија Македонија

|

Како што и беше најавено, нова група од 43 авганистански граѓани кои беа привремено згрижени во нашата земја, замина од Македонија откако за нив беше подготвена потребната документација за влез во трета земја како нивно трајно прибежиште.

„Нашите институции, во текот на привремениот престој овде им ја овозможија целата потребна поддршка, а трошоците беа покриени од меѓународните организации“, велат од Владата.

Овие граѓани беа спасени во големата меѓународна операција за помош на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и стипендисти и нивни семејства, а се под за*ана на новиот талибански режим во Авганистан.

Во моментов во земјава престојуваат 505 авганистански граѓани, а до сега заминаа 128-мина на кои траен престој им обезбедија Франција, Грција, Ирска, Португалија, Бразил и САД.