Нашата најпозната фитнес инструкторка Ана Стојанова пред неколку дена кажа да на своето долгогодишно момче, кое ја запроси на сосема уникатен и филмски начин, кога таа најмалку очекувала.
Како што вели самата деталите сеуште не смее да ги открие, но филмското запросување се случило на снимањето на новото видео за фитнес вежби, а од она што може да се забележи на фотографиите е дека таа изгледа како модерна Лара Крофт и дека и двајцата се на кровот од ГТЦ.
Еве што напиша таа за моментот на запросување:
„Кога сцена од филм ќе стане реалност.
Се спрема комплетно нов, ОГРОМЕН проект за членовите на Армијата за новата 2022 година. Изминатиот викенд се снимаше цели два дена и цела ноќ ама мене оваа сцена не ми беше планирана!
Кирил е се што не сум можела ни да замислам, а сум сакала да ми се случи!!
Оние кои што ме следат поодамна знаат дека јас никогаш немаше да стигнам до тука ако не беше неговото искуство, знаење и поддршка во работата.
Од првиот ден кога се појавив на оваа платформа знам дека го имам најголемиот грб на Македонија зад мене да ме чува, а од истиот тој човек ја црпам целата моја енергија, љубов и сила за да ви ја дадам вас.
Знае дека работата ми е се на светот. Созреав со овој Инстаграм и со вас! Затоа сум уште посреќна што нашиот најинтимен момент го споделивме со најмилите луѓе и пред девојките од Армијата кои ќе бидат дел од новиот видео спот за Армијата!!
Жал ми е што сѐ уште не можам да откријам за што станува збор, но наскоро ќе дознаете сите!
Армијо, станавме официјално и ФАМИЛИЈА!!!
Сакањее најголемо на целиот свет!!!!“ напиша познатата инструкторка Ана Стојанова на Инстаграм.