Од утре ќесите ќе чинат 15 денари – Еден од маркетите побара од купувачите да користат торби

|

Од утре во сила стапуваат законските измени со кои пластичните биоразградливи ќеси ќе чинат 15 денари за парче, а обичните повеќе нема да бидат во промет. Дел од продавачите се прашуваат како ќе ги продаваат своите земјоделски производи, доколку мора за секоја кеса да се плати по 15 денари, но од маркетот КАМ пак преку соопштение побара од купувачите да користат повеќенаменски торби за пазарење или хартиени ќеси.

-Согласно новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување сл. Весник 215/2021 започнувајќи од 01.12.2021 задолжителната такса за користење на биоразградливи ќеси за еднократна употреба изнесува 15 денари. Соодветната сума од продажбата на овој поризвод согласно Законот, ќе се уплаќа на Фондот за заштита на животната средина. Ве молиме користете повеќенаменски торби за пазарење или хартиени ќеси со цел заеднички да придонесеме до почиста животна средина, се вели во објавата.

Од истиот маркет посочуваат и дека лесните кеси кои досега се користеа за овошје и зеленчук ќе бидат повлечени од употреба и замолуваат за рационално користење на хартиените кеси кои ќе бидат поставени кај соодветниот оддел за храна.