Денес успех за овните, љубовниот живот се подобрува за близнаците – Дневен Хороскоп (01.12.2021)

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Денеска ќе морате посебно внимание да обрнете на тоа што го работите. Ако енергијата ја насочите позитивно, ќе имате успех. Комуникациите ви се одлични, а работната енергија во пораст, ќе биде зголемена и вашта агресивност.

Бик (21.04 – 21.05)

Бидјеќи молчите и трпите околината за вас мисли дека вие воопшто немате никакви проблеми. Никој не може да го разбере вашето достоинствено држење во кризните ситуации. Моментално е многу чуствителна вашата финансиска состојба.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Целосно ќе им се посветите на работата и воопшто нема да имате време за одмор. Денов е поволен и за сите интелектуални активности. Интересот на јавноста за вашите одлуки и планови ќе биде доста изразен. Љубовниот живот се подобрува.

Рак (22.06 – 22.07)

Денеска можете да очекувате подобрување на финансиската ситуација, што ќе ви претставува големо олеснување на маките кои и без тоа доволно ги имате. Размислете паметно за вишокот на пари и вложете ги во исплатливи работи. Постои можност од некој вознемирувачки настан во вашето семејство, но секако нема да биде многу страшно.

Лав (23.07 – 22.08)

На работно место ве очекуваат куп работни задачи повеќето нови, а некои од нив и заостанати од порано. Бидете ефективни. Вашите желби ќе бидат во чекор со моменталните настани. Во љубовната врска ќе барате причина за кавга.

Девица (23.08 – 22.09)

Вашата психичка состојба поради разни причини не е најдобра. Самите настани тоа ќе го потврдат. Не ќе можете да се усогласите со личности од спротивниот пол, па вашиот сексуален живот ќе се најде во мала криза. Немате доволно сила да започнете од почеток.

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе чуствувате внатрешен немир што многу ќе делува врз односот со парнерот. Ќе бидете во неизвесност по прашањето за љубовта бидејќи ќе се најдете во ситуација каде ни самите не ќе знаете што сакате и што чуствувате. Ако постои вистинска љубов во вашата врска партнерот ќе ви даде подршка и ќе се потруди да не покажува дека и тој е напнат и незадоволен.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Добро се чувствувате и активно пристапувате кон работните обврски и проблемите. Ќе имате помали проблеми во комуникацијата со околината, посебно родителите. Најверојатно тоа ќе бидат вербални препирки кои само ќе ви го расипат доброто расположение.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе морате добро да се потрудите за да успеете да ја сочувате вашата позиција и да го одбраните вашето мислење. Опуштете се во душтвото на личноста која многу ви значи, бидејќи таа ќе направи се што е во нејзина моќ за да ви помогне во овој нестабилен ден.

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе се обидувате да ја одгатнете емотивна енигма. Бидете трпеливи уште некое време и договорот ќе го добиете со леснотија. Размислувањата за некоја стара љубов не ве водат никаде. Спасувајте ја моменталната врска како знаете и умеете бидејќи е во мала криза.

Водолија (21.01 – 19.02)

Вашиот претпоставен или пак личност со авторитет денеска од вас ќе бара малку повеќе внимание од обично, па би било добро повеќе да внимавате на неговите барања. Ако работата ја извршите добро со сите детали целата слика ќе изгледа подобро, а вие на крајот на денот ќе можете да очекувате некој вид на награда.

Риби (20.02 – 20.03)

Ве очекува некој проблем на работното место. Обидете се што можете побезболно да го решите, бидејќи во спротивно ќе стане уште полошо. Ќе вложувате голем напор за да ја унапредите работата внимавајте тоа на некои колеги не им се допаѓа, па можно е да ви наштетат.