|
Се почести се пријавите за из*ама при купување на огревно дрво, злато или автомобили, а најчесто мета се постарите лица. Внимавајте кога вршите купопродажба и не им верувајте на сите!
СВР Куманово денес соопшти за уште еден ваков случај кога две лица из*амиле седумдесет и двегодишен кумановец за 1.000 евра. Отштетниот го пријавил случајот вчера во 15:00 часот.
– Според пријавеното едно од лицата му понудило дека доколку му даде пари ќе му донесе злато за поевтина цена, по што откако пријавителот му ги дал парите лицето заминало и не се вратило на договореното место, соопшти СВР Куманово.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.