Главната цел е да ја подигнеме свеста за еколошките мерки, вклучувајќи ја секако и мерката кој стапува на сила денес- употреба на биоразградливи кеси. Граѓаните треба да видат свесни за ваквите чекори, порача министерот Нуредини. Ги повика да користат и платнени торби за пазарење. За кесите за ѓубре засега нема промена на цената.
ИДЕЈАТА НЕ Е ДА АКУМУЛИРАМЕ СРЕДСТВА ОД ОВА ТУКУ, ДА ЈА НАМАЛИМЕ УПОТРЕБАТАТА НА ПЛАСТИКА ВО НАШАТА ДРЖАВА БИДЕЈЌИ МИКРОПЛАСТИКИТЕ СЕ ШТЕТНИ ЗА НАШАТА ПОЧВА, НАШИТЕ ВОДИ И ЌЕ БИДАТ ДИРЕКТНО ВО НАШАТА ХРАНА И ВОДА. ТОА ЗНАЧИ ДЕКА СО ВАКВИ ЗАКОНИ И ЧЕКОРИ САКАМЕ ДА ГО ЗАШТИТИМЕ ЗДРАВЈЕТО НА НАШИТЕ ГРАЃАНИ.
Следејќи ги светските текови, како и новите измени во законот за отпад во земјава, на бензинските станици и сите останати продажни локации на „Макпетрол“веќе нема да бидат достапни пластични, туку само хартиени ќеси. Со цел заштита на животната средина и давање придонес во намалувањето на количеството на отпад што секојдневно се создава, на купувачите ќе им биде овозможено да користат амбалажа што е значително поеколошка.
НИВНАТА ЦЕНА Е ДЕСЕТ ДЕНАРИ, ЦЕНА КОЈА Е НАБАВНА ЦЕНА БЕЗ ЗАРАБОТУВАЧКА И Е СЕПАК 5 ДЕНАРИ ПОЕВТИНА ВО СПОРЕДБА СО ОНИЕ КОИ ГИ ПРОДАВААТ ДРУГИТЕ ТРГОВСКИ КОМПАНИИ, ШТО Е УШТЕ ЕДЕН БЕНЕФИТ ЗА ПОТРОШУВАЧИТЕ. 01:38 -02:05 МАКПЕТРОЛ Е ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНА КОМПАНИЈА СО ВИСОКА ПОСВЕТЕНОСТ КОН ЕКОЛОГИЈАТА И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, СМЕТАВМЕ ДЕКА ПОНАТАМОШНАТА ПРОДАЖБА НА КЕСИ БИОРАЗГРАДЛИВИ НЕМА ДА ДАДЕ РЕЗУЛТАТ НА ПОДОЛГИ ПАТЕКИ. СЕ ОДЛУЧИВМЕ НА НАШИТЕ ОБЈЕКТИ ДА БИДЕ ПОВЕЌЕНАМЕНСКА ХАРТИЕНА КЕСА. НА ТОЈ НАЧИН ДАЛЕКУ ПОДОБРО ЌЕ ЈА ЗАШТИТИМЕ ЧОВЕКОВАТА ОКОЛИНА.
Веќе од денес Законот се применува и во маркетите.
Граѓаните во најголем дел ги прифаќаат ваквите чекори, сметајќи дека грижата за животната средина е клучна. Сепак треба време за повеќето да ја прифатат.
Стандардот за биоразградливост на кесињата е важечки уште од 2013 година, а тоа значи дека трговците и производителите во моментот имаат само дополнителни обврски за евиденција и наплата. Построгите стандарди ќе започнат да се применуваат веќе од јуни 2023 година, со цел нивно прилагодување кон новиот начин на работење.
Нина Стефанова