Како светот се справува со употребата на пластични кеси?

|

Колонијалите, маркетите, бутиците, угостителските и другите трговски субјекти во Македонија започнаа со наплата по 15 денари за биоразградливи кеси, обврска што ја предвидува Законот за управување со пакување и отпад од пакување.

Според овој закон забрането е употребата на пластични кеси на пазарот во земјава, пуштање на пластично пакување за еднократна употреба во угостителските објекти на територијата на заштитените подрачја во државата, а е дозволена употреба на биоразградливи кеси за носење на стоки, кои се произведени согласно пропишаните стандарди за биоразградливост.

Сепак, овој закон им дозволува на производителите на пластични кеси и понатаму да можат да продолжат со работа, но со почитување на пропишаниот стандард за биоразградливост.

Ваквиот начин на справување со загадувањето од пластика, се применува многу одамна во многу држави во светот кои користат различни методи како целосна забрана за користење, наплата или пак одданочување.

Во земјите членки на Европската унија, пластичните кеси подлежат на данок во 10 земји вклучувајќи ги Данска, Бугарија и Шпанија, додека пак во 14 држави меѓу кои Холандија и Шведска пластичните кеси се наплаќаат.

Во Италија и Литванија, употребата на пластични кеси е забранета е целосно забранета, додека во Франција, пластичните кеси за еднократна употреба се забранети во некои делови од земјата, а се наплатуваат во некои региони. Во Романија, од јули 2019 година стапи на сила регулативата за забрана на продажба на пластични кеси.

Во Германија од 2016 година пластичните кеси во маркетите се забранети, а на потрошувачите им се нудат еколошки алтернативи како што се платнени или хартиени кеси.

Наплата на пластичните кеси за еднократна употреба во Велика Британија започна во 2015 година, а тогаш еколошките организации бараа оваа мерка да ги опфати и продажбата на пластични шишиња и чаши. Според официјалните податоци, во оваа земја се проценува дека годишно се трошат 4,7 милијарди пластични сламки, 316 милиони пластични лажици за кафе и 1,8 милијарди пластични стапчиња за чистење на уши.

Од земјите на Балканот, во Грција во 2018 година стапи на сила така наречената „еколошка такса“ со што започна да се наплаќа такса за користење на кеси за намирници, а целта им е до 2025 година потрошувачката на пластични кеси да се намали за 90 отсто.

Наплатата на пластичните кеси во Хрватска и Словенија започна во 2019 година.

Во повеќе од 60 земји во светот постојат регулативи за наплата на пластичните кеси, а меѓу тие држави се и Тајван, Колумбија и Јужна Африка. Тајван има за цел целосно да ја забрани употребата на пластични производи до 2030 година.

Употребата на пластични кеси е забранета во Јужна Кореја и Албанија, а регионални забрани се применуваат во земји како Мексико, Либан и Индија. Во некои земји, како што се САД, Канада и Јапонија, постојат и наплата за употреба на кеси но и забрани кои варираат во зависност од регионот.

Во Кина, употребата на пластични кеси е забранета низ целата земја од 2008 година, додека во Хонг Конг тие кесите се продаваат.

Нов Зеланд ја забрани продажбата на пластични кеси за еднократна употреба во јули 2019 година.

Во Русија, каде што се користат 181 најлонска кеса по лице годишно, сè уште нема никаква регулатива во овој дел.

Најстрога забрана за употреба на пластични кеси е Кенија, додека пак за првпат забрана за пластични кеси беше воведена во Бангладеш во 2002 година. Според практиката, која стапи на сила во Кенија во 2017 година, оние кои користат, произведуваат или продаваат пластични кеси може да се соочат со казна затвор до 4 години или парична казна до 38 илјади долари.

Околу половина од земјите кои забрануваат употреба на пластични кеси се во Африка.

Иако производството на пластика датира од пред 150 години, употребата на пластични кеси првпат започна во 1977 година. Стапката на употреба на пластичните кеси, кои почнаа да се дистрибуираат во супермаркетите во 1977 година, се зголемува секоја година поради ниските трошоци за производство. Во овој случај, неизбежен крај беше што проблемот со загадувањето на животната средина растеше сè повеќе секоја година.

Дури 99% од кесите не се рециклираат, поради што е разбирлив степенот на опасност по животната средина од нивна употреба. Секоја година во светот се произведуваат 5 трилиони (5.000.000.000.000) пластични кеси.