Пица од тост леб – брз и вкусен оброк кој ќе ве освои од прв залак

|

Доколку сте љубители на пица и сакате да испробувате вкусови, веројатно овој нов начин на подготовка на пица ќе ви стане задолжителен во седмичното мени за храна дома.

Се подготвува лесно а вкусот е неверојатен. Едноставно ќе ве освои уште од прв залак!

СОСТОЈКИ: 10 парчиња тост леб, кечап, 100 гр тенко сечкана шунка, 100 гр кашкавал, 6 свежи шампињони, оригано, босилек и 2 домати.

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Наредете ги лепчињата во голема тепсија за печење, секое премачкајте го со кечап, посипете оригано и босилек.

Преку наредете шунка и печурки исечкани на листови, а од горе изрендајте кашкавал. Запечете неколку минути во рерна загреана на 200 степени, додека кашкавалот не се растопи. Украсете со домати и уживајте!