УХМР со тридневна временска прогноза – Локални врнежи од дожд, на места снег

ИЗВОРНов Лист
|

Времето денес претпладне по котлините значително облачно со појава на магла. Преку денот ќе преовладува променливо облачно време, во источните делови посончево. Ќе дува слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието повремено засилен јужен ветер. Кон крајот на денот во западните делови ќе има локални врнежи од дожд, кои во втората половина од ноќта ќе се прошират на повеќе места. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Претпладне значително облачно, попладне ќе има краткотрајно и делумно намалување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен, а попладне повремено засилен јужен ветер. T= 10 °C, P= 973 hPa, U= 68 %, V= 5 m/s.

Утре не очекува облачно со врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Пообилни врнежи ќе има попладне и во ноќните часови. На повеќе места ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог. Преку денот ќе дува слаб до умерен, а особено во источните делови повремено засилен југоисточен ветер, кој во текот на ноќта ќе се промени во северен.

Во вторник времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во источните делови (и над 20 л/м2). До крајот на денот снег ќе има и на некои пониски места, особено во источните делови, каде врнежите најдолго ќе се задржат. Снежната покривка на планините ќе се зголеми, а нова ќе се формира на повисоките места, како и речиси насекаде во источните делови. Ќе дува засилен ветер од северен правец.