Поплавени неколку објекти на југот на БиХ, недалеку од границата со Хрватска

ИЗВОРНов Лист
|

Неколку објекти во областа Чапљина на југот на Херцеговина, недалеку од границата со Хрватска, се поплавени поради надојдените реки, а најавата за нови обилни врнежи во недела ги загрижи жителите и властите.

Како што информираат од локалните власти во Чапљина, во населбата Струга каде се спојуваат реките Требижат и Неретва, поплавени се подрумите на неколку семејни куќи.

Припадниците на противпожарната бригада во Чапљина им помагаат на жителите да спречат водата да влезе во семејните домови.

Според извештајот на Агенцијата за јадранско море со седиште во Мостар, реките Требижат, Буна и Јасеница се над максималниот водостој. Дополнителна грижа за населението е најавата дека во недела е издадено жолто предупредување бидејќи во текот на денот се најавуваат врнежи од 20 до 50 литри на метар квадратен.

Под вода се и голем број патишта во Мостар.