СТУДЕНИОТ И ВЛАЖЕН БРАН СЕ ПОБЛИСКУ ДО МАКЕДОНИЈА: ЌЕ ДОНЕСЕ МНОГУ ДОЖД, СНЕГ И СНЕЖНА ПОКРИВКА!

ИЗВОРНов Лист
|

Под влијание на ПОГОЛЕМ влажен бран, утре и во вторник времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд и истите локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ (над 30 л/м2). На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег и таму ќе се формира нова снежна покривка.

Поради спуштање на студена воздушна маса од север, во текот на утрешната ноќ, како и во вторник врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на повисоките места, а услови за врнежи од снег ќе има и на некои пониски места. Има услови снежна покривка да се формира и на местата со надморска височина од под 1000 метри, односно и на некои пониски места.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец, додека во вторник ветерот ќе го промени својот правец во северен. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени, додека во вторник температурите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОНИСКИ и ќе се искачуваат во интервалот само од 0 до 8 степени.

Потоа во среда ќе имаме краткотрајно стабилизирање на времето и повеќе сонце. Поради разведрувањето утрото ќе биде СТУДЕНО и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 0 степени.

Нов влажен бран од запад се очекува веќе од четврток навечер и во текот на ноќта кон петок.

И во Скопје понатаму, односно утре и во вторник ќе има нови врнежи од дожд, додека на околните планини врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Во вторник услови за снег ќе има и на местата со надморска височина од под 1000 метри. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 6 и 10 степени. Повеќе сонце во Скопје исто така ќе има во среда.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.