Популистичка мерка на владата е замрзнувањето на цените, тврдат преставници на стопанската комора. Во разговор за Телма тврдат дека се спротиствауваат на ваквата непазарна и неекономска одлука која е со краткорочен ефект за граѓаните а ке има долгорочни последици по фирмите. Велат дека ако ова потрае половина година, цената на потрошената струја за производство ќе ја надмине целокупната добивка на компаниите.
Споредуваат со Србија каде веќе е донесена ваква мерка но велат дека таму државата прво обезбеди стабилна цена на енергијата и гасот па по тоа ја замрзна цената на прехранбените производи. Уште поголем негативен ефект ќе има доколку Србија престане да извезува суровини кон Македонија, со што може да се случи дел од компаниите да го стопираат производството. Токму поради ова од Комората велат дека е подобро да се преговара за контролирано покачување на цените, но никој нив не ги прашал од Владата пред да биде донесена ваквата мерка. Телма разговараше и со дел од стопанствениците. Од фабриката Брилијант велат дека имаат залихи за два месеци па можат да издржат бидејки во тој период ке важи и мерката.
МАСЛОТО СПАЃА ВО БЕРЗАНСКИ ПРОИЗВОДИ И ЦЕНАТА ЗАВИСИ ОД САМАТА БЕРЗА. НИЕ МОРА ДА ЈА ПОЧИТУВАМЕ ОДЛУКАТА НА ВЛАДАТА И СРЕЌА Е ШТО ИМАМЕ ОБЕЗБЕДЕНО ЗАЛИХА ЗА ДВА МЕСЕЦИ ПА ЗА ОВОЈ ПЕРИОД ЌЕ ИЗДРЖИМЕ. АКО ЦЕНИТЕ ЗА СИРОВОТО МАСЛО СЕ ПОВИСОКИ И ПО ТОА, ЌЕ БИДЕ ПРОБЛЕМ ЗА НАБАВКА НА НОВИ КОЛИЧИНИ, ОДНОСНО ЌЕ СЕ ПРАВАТ ГОЛЕМИ ЗАГУБИ.
Со вчерашната одлука владата ги замрзна цените на основните прехранбени производи, леб; шеќер; брашно – тип 400; сончогледово масло за јадење; трајно млеко; свежо месо и сувомеснати производи; и сирење и урда. Остануваат на нивото на кое биле на 1 декември се до 31 јануари следната година. Но не ја исклучи можноста за продолжување доколку состојбата на пазарот и понатаму го бара тоа. Но во неа не предвиде што ќе се случи ако компаниите го прекинат производството. Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека ако проценат дека е потребно, ќе им помогнат на фирмите со нови мерки.
Министерот за Економија Бектеши денеска се сретна со министерот за економски работи на Словенија, Здравко Почивалчек. Таму вели дека не се интервенирало во цените на исхраната но е поврзано со цената на струјата која Словенија ја има доволно од домашно производство.
Превод – друг проблем е храната и за сега под контрола се цените на местото млекото и растителното масло. На тој план не сме интервенирале, но ќе размислиме ако тоа е потребно. Мислиме дека се зависи од геополитичката состојба на цената на електричната енергија која би можела да влијае на цената на останатите производи.
Инаку се поизвесно е дека во земјава цената на електричната енергија после нова година ќе се зголеми, но не се знае за колку. Во меѓувреме производството е намалаено а македонија презема скапа струја од европската преносна мрежа.
Билјана Николовска