Едноставен корисен трик со кој ќе ги отстраните гребнатините од вашиот телефон

ИЗВОРНов Лист
|

Колку и да се обидуваме да се грижиме за нашиот мобилен телефон, да го заштитуваме од паѓање и обвиткуваме со заштитна фолија, сепак честопати не сме успешни во обидот па на неговиот екран остануваат гребаници кои ни сметаат при употребата. Сепак не очајувајте, постои едноставен корисен трик со кој гребаниците ќе ги снема.

Ви откриваме еден ефикасен трик, кој брзо ќе ги отстрани непријатните гребнатини на вашиот телефон. Се што ви е потребно е прашак за пециво, малку вода и еден сад во кој ќе ги мешате состојките. Помешајте ја смесата додека не стане еднаква, а потоа нанесете ја на парче ткаенина и со кружни движења нанесувајте ја на оштетениот дел од телефонот.

Потоа со крпа исполирајте го телефонот. Пробајте го овој едноставен трик и ќе бидете задоволни од резултатот.