Бен Афлек си ја отвори душата: Зад моето помирување со Џенифер Лопез се крие прекрасна приказна (ФОТО)

ИЗВОРНов Лист
|

Џенифер и Бен си дадоа „втора шанса“, но не и на јавноста. Обединувањето се случи сосема ненадејно, без премногу објаснувања, а зад целата приказна останаа многу прашања. Посебно едно е интригантно, а тоа е како после толку години повторно се најдоа.

Што се случи? Кој го направи првиот потег? Има и фасцинантна изјава на Бен за Џенифер, која ја даде за InStyle: „Каде го криеш еликсирот на младоста? Зошто изгледаш исто како во 2003 година, а јас изгледам како да имам 40-тина… во најдобар случај?“- Дали ова беше воведната реченица на Бен за флерт? Или сосема поинаква ситуација? Како помина сето тоа?

За жал, актерот не зборува… „Тоа е добра приказна. Тоа е одлична, прекрасна приказна. И, знаеш, можеби еден ден ќе ви ја кажам, рече тој во интервју за магазинот WSJ, смеејќи се. Потоа додаде: „Можам да кажам дека ми беше прекрасно“.

Тој зборува за повторната романса со латино ѕвездата, на подеднакво убав начин: „Јас сум многу среќен човек бидејќи имав корист од други шанси во текот на мојот живот, а свесен сум дека многу луѓе не ја добиваат ни првата. Добив втора шанса во кариерата. Добив втора шанса како човек. Животот е тежок, неуспесите се неизбежни, но со надеж дека нешто ќе научиме од нив. Единственото нешто што навистина ви треба за да ги искористите можностите што ви ги дава растот е втора шанса. Дефинитивно се обидов да го искористам тоа. Не сум бил отсекогаш успешен, но во случаите кога сум бил успешен, тие се покажале како клучни аспекти од мојот живот.“