Младите не се тестираат и користат фалсификат сертификати, па се добиваат нереални бројки во однос на позитивните, вели доктор Никола Пановски, кој беше гостин во Утринска на Телма.
Пановски истакна дека во време на панде*ијата сите треба да се лекуваат во јавно здравство, без оглед на тоа дали се или не осигуреници на фондот.
При ваква состојба во здравството, во време на пандемија, Пановски смета дека е несериозно да се менува актуелниот министер за здравство Венко Филипче.
За новиот министер вели дека за него е непознат и бидејќи немал искуство во ваквиот тип на проблеми веројатно ќе му требаат месец или два додека се вклопи во функцијата и тоа не е добро во моментов. Исто така додаде дека иако секогаш го критикувал Венко Филипче, и понатаму би критикувал нелогични потези, сепак смета дека неговото менување во овој момент не треба да се случи.