Како што и најавија метеоролозите снегот пристигна во Македонија, а на камерите на Ски Македонија можат да се забележаг значителни врнежи од снег на високите места, односно на планините.
Вистинска снежна бајка има на Попова Шапка, каде според УХМР има 48 сантиметри снег. Според моменталните снимки, снежи на Водно, Крушево, Пониква, Пелистер. Дел од атмосферата пренесуваме преку принтскрин фотографии од некои од планинските места:
Маврово
Водно
Ниже Поле – Пелистер
Попова Шапка
Температури во 7 часот (УХМР)
-4 Попова Шапка, -2 Лазарополе, Маврово, 0 Крушево, 1 Кр.Паланка, Куманово, Дебар, 2 Прилеп, Штип, Виница, 3 Скопје – Зајчев Рид, Скопје – Петровец, Охрид, 4 Струмица, Д.Капија, Претор, 5 Берово, 6 Дојран, Гевгелија.
ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА до 7 часот изутрина (во см)
48 Попова Шапка, 1 Крушево, Пожаране.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 7 часот изутрина (во л/м2)
43 Берово, 31 Струмица, 25 Дојран. 21 Крвива Паланка, 20 Виница, 18 Маврово, Претор, Попова Шапка, 16 Дебар, 14 Охрид, 12 Лазарополе, 11 Штип, Гевгелија, Крушево, 7 Скопје-Петровец, 6 Битола, Прилеп, 4 Д.Капија, 3 Скопје.