Знаете ли зошто во замзрнувачот на фрижидерот нема светло?

|

Веројатно сте забележале, но дали некогаш сте се запрашале зошто има светло во фрижидерот кога ќе ја отворите вратата, а нема во замрзнувачот? Постојат многу теории, а некои од нив се интересни.

Вообичаена теорија е дека светло во замрзнувачот нема, затоа што не е потребно, барем не до толку како во останатиот дел од фрижидерот каде постојано ја земаме храната. Замрзнувачот го отвораме многу поретко и во него чуваме храна која стои подолго без да ја извадиме, а фрижидерот го отвораме неколку пати во текот на еден ден. Секако оваа бројка варира во секое семејство различно.

Замрзнувачот исто така е далеку помал од фрижидерот, така што светлоста која доаѓа од надвор е доволна.

Вистина е дека постојат фрижидери кои имаат осветлена комора, но тоа е многу редок случај. Треба да се има во предвид дека и сијалиците нема да работат на ниска температура, па поради тоа треба да се вградат посебни отпорни на мраз, но тие се многу скапи.

Уште една причина плус зошто нема светилки е тоа што и тие создаваат топлина со нивната работа, па тоа во замрзнувачот и не е баш најпогодно затоашто го одмрзнува мразот и тој потоа троши повеќе електрична енергија за повторно да се создаде.

Во замрзнувачот нема потреба од светло, а доколку тоа го сакате, може да си го дозволите, се разбира доколку сте подготвени да ја платите цената.