Јас не сум банкарски службеник, ниту ваша мајка, туку Јелена Карлеуша: ЈК жестоко „удри“ по оние што ја прозваа поради фотографии

ИЗВОРНов Лист
|

Јелена Карлеуша објави низа провокативни фотографии на социјалните мрежи и воодушеви многумина, но судејќи по нејзината нова објава има и негативни коментари.

Пејачката позираше во црн костим, каде во преден план го стави задникот, па покрај комплиментите кои ги добиваше на сметка на изгледот, но имаше и негативни коментари на кои мораше да одговори.

Таа ја спореди Џенифер Лопез со себе, па испрати јасна порака.

Додека се споменуваат светските ѕвезди на годината и бројот на деца за да се пофалат и да се нагласи фактот дека изгледаат убаво, на Балканот се навредуваат жените во шоубизнисот, кои се и мајки и уметнички. Имам 43 години, да, имам две деца и да, изгледам  добро, не сум банкарска службеничка, не сум ваша мајка, не сум ваша сопруга, туку ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША, жена која била облечена во сценски костими 27 години од нејзината кариера!Најубаво облечена жена овде и пошироко. На многумина им се допаѓа балканскиот примитивизам, но тоа сигурно нема да ме поколеба“, напиша Јелена на Инстаграм.