Ким Кардашијан по четири обиди конечно успеа да го положи правниот испит во Калифорнија

ИЗВОРНов Лист
|

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан е решена да ги заврши студиите по право. Таа неодамна го положи „Baby Bar“ во Калифорнија, правниот испит за студенти по право во прва година потребен за идните адвокати во Калифорнија кои не посетуваат акредитирани високообразовни институции, а нејзината крајна цел е да се фокусира на реформите во кривичното право.

Ким првпат ја откри својата желба да дипломира на јавноста во 2019 година во интервју за Вог, велејќи дека започнала четиригодишна пракса во адвокатска канцеларија во Сан Франциско. Тогаш изјави дека се надева дека наскоро ќе го помине „Бејби барот“.

Калифорнија е една од ретките американски држави што има ваква студиска програма и е единствена со пристап до таканаречениот „Baby Bar“.

Иако еднаш го посетувала колеџот Пирс во Лос Анџелес, таа никогаш не дипломирала. Но, Калифорнија им нуди на студентите можност да го полагаат Baby Bar, испит за право во прва година, без да мора да одат на пракса кај адвокат или судија.

Откако го положи тестот, Кардашијан  може да ги продолжи студиите по право и конечно да го полага редовниот правосуден испит.

Кардашијан призна дека го положила испитот по четврти пат и дека ова и е последна шанса да го стори тоа бидејќи државата Калифорнија обично им дозволува на кандидатите пристап до испитот само три пати.