Пејачката Гоца Тржан без влакна на јазикот ги критикуваше колегите кои во голема мера користат фотошоп и филтри, а потоа ја допре и водителката Сања Кужет и го коментираше нејзиниот изглед.
– Не можам да се сокријам од светот. Ме гледате на пазар, во продавница. Не можам да ги убедам луѓето дека сум поубава или позгодна од колку што сум. Гледам многу колеги кои не поставуваат слика или видео пред фотошоп, филтри и слично. Многу е страшно кога од себе правиш нешто што не си и многу е опасно кога ќе почнеш да веруваш во лажна слика за себе – изјави Гоца во емисијата „Ѕвездите на Гранд Специјал“.
Како што вели, никогаш не ги криела своите години и маани и секогаш се трудела секоја жена да ја засили, просветли и научи да биде пријател на друга жена.
На оваа тема се надоврза и Весна Милановиќ која објасни дека јавните личности често се мета на критики бидејќи на телевизија делуваат поголеми, бидејќи камерите додаваат неколку килограми.
– Да речеме, Сања Кужет е исклучително згодна, но слаба е за мојот вкус и изгледа совршено на телевизија затоа што и додава 8 килограми каде што и треба. А, јас со метро и шеесет и желба да пораснам кога ќе додадам еден килограм повеќе личам на стока , но што да правам.Сања е навистина божествена, убава жена – додаде пејачката.