Жал ми е што претерав, но чекав цела година: Ќерката на Карлеуша му напиша писмо на Дедо Мраз – има 5 желби(ФОТО)

ИЗВОРНов Лист
|

Јелена Карлеуша ги омекна сите со писмо од Дедо Мраз што го „испрати“ нејзината помала ќерка Ника Тошиќ, а пејачката го објави на социјалните мрежи.

Според Јелена, Ника добила 5-ка по математика, што било услов и за новогодишни желби.

Како и секое дете, така и таа со нетрпение ги очекува празниците и верува во најубавите бајки, па Дедо Мраз ќе одговари на нејзините писма слушајќи ги нејзините желби. Беше креативна, а ги воодушеви сите со тоа што кажа дека знае дека претерува со еден предмет, а на крајот му се извини на Дедо Мраз.

„Извини Дедо Мраз што претерав, но што да правам! Цела година чекав повторно да биде Нова година“, искрено напиша Ника.